Во недела 29.09.2013 година со почеток во 15.30 часот на градскиот стадион Гоце Делчев во Делчево се одигра натпреварот помеѓу екипите на ФК Брегалница-Голак Делчево и ФК Карбинци во рамки на 7-мото коло од Третата македонска фудбалска лига, во кој домашната екипа извојува убедлива победа над декласираниот противник од Карбинци.

Повеќе...

Се известуваат сите љубители на фудбалот и сите навивачи на делчевска Брегалница дека во недела 01.09.2013 година со почеток во 17.00 часот на градскиот стадион "Гоце Делчев" во Делчево ке се одигра третиот првенствен натпревар во рамки на 3-та македонска фудбалска лига-исток помеѓу екипите на ФК "Брегалница Голак" Делчево и ФК "Саса" од Македонска Каменица.

Од страна на управата на делчевскиот клуб се најавува жестока борба за што поголема резултатска предност за домаќините, отворена и атрактивна игра исполнета со многу голови.

Истовремено ги повикуваме секогаш верните "АРАМИИ" да го проследат овој натпревар, со што ке дадат свој белег на овој натпревар, преку своето секогаш неуморно навивање....

IMG 8157 resize

Во недела 25.08.2013 година на гостински терен екипата на ФК Брегалница од Делчево го претрпе првиот пораз на гостински терен против екипата на Напредок Здравје Радово со резултат 1:4. Клучен момент од натпреварот беше 20-тата минуда од првото полувреме кога по направен фаул беше исклучен фудбалер на екипата од Делчево и беше досуден пенал за домашните фидбалери. Со играч помалку гостинските фудбалери не можеа да воспостават контрола на играта во натпреварот што резултираше и со рерзултатска предност за домашната екипа.

Останати резултати од Второто коло на Третата фидбалска лига-Исток се следните:

Баби 2-0 Астибо 
Напредок Здравје Радово 4-1 Брегалница Д 
Каменица Саса 1-0 Тркање 
Слога 2-1 Плачковица 
Чешиново 6-1 Рудар 
Работник Лозово 1-4 Беласица 
Карбинци 0-1 Осогово

 IMG 8135 resize

Во недела 18.08.2013 година со почеток во 17.30 часот на Градскиот стадион Гоце Делчев од Делчево се одигра фудбалскиот натпревар меѓу ФК Брегалница Голак од Делчево и ФК Астибо од Штип. Натпреварот заврши со победа на домашната екипа со резултат 1:0. Победничкиот гол за ФК Брегалница Голак Делчево го постигна Александар Ѓеоргиевски. Овој натпревар се одржа во рамки на првото коло од Третата фудбалска лига-Исток на Македонија.

Резултатите од другуте натпревари се следните:

Осогово“ 6–2 „Работник“
„Карбинци“ 1–1 „Баби“
„Беласица“ 5–0 „Чешиново“
„Плачковица“ 0–0 „Каменица Саса“
„Тркања“1–3 „Напредок Здравје Радово“ 
„Брегалница Голак“ 1–0 „Астибо“
Рудар 2-3 Слога